Муцунски оствари средба со новиот грчки амбасадор Малукос: Потврдена посветеноста на соработката, евроинтеграциите и регионалната стабилност

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција, Јанис Малукос, при што ги прими копиите од неговите акредитивни писма.

 

За време на средбата, министерот Муцунски изрази уверување дека богатите дипломатски искуства на амбасадорот Малукос ќе дадат значителен придонес во јакнењето на политичкиот дијалог и добрососедските врски меѓу двете соседни држави и НАТО-сојузници.

 

Шефот на македонската дипломатија се заблагодари за досегашната поддршка што Грција ја дава за евроинтегративниот процес на земјата и за заложбите за интеграција на целиот Западен Балкан во Европската Унија.

 

Воедно, ја потврди цврстата определба на Владата кон европската реформска агенда и регионалната стабилност.

 

Соговорниците ја истакнаа заедничката подготвеност за продлабочување на билатералните односи со акцент на економијата, трговијата, културата, туризмот, како и клучните проекти за инфраструктурно и енергетско поврзување.

 

Фото: https://www.facebook.com/TimcoMucunski





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.