Сиљановска Давкова на средба со „Јас Сум Жена“: Економската самостојност на жените е клучна за развојот на општеството

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со претставничките на Здружението „Јас Сум Жена“, на која се разговараше за нивната претстојна конференција и за бројните иницијативи насочени кон меѓусебно поврзување и економско зајакнување на жените.

 

Претседателката ги поздрави настаните во чиј фокус се женските автентични приказни, нагласувајќи дека тие успешно откриваат тековни предизвици, но и инспиративни примери за видливи успеси.

 

Таа оцени дека овогодишната тема на конференцијата, посветена на жените во бизнисот, е од исклучително значење бидејќи женската економска самостојност претставува основен предуслов за лична независност, градење хармонични семејни семејства и активен придонес во целокупниот општествен развој.

 

Воедно, Сиљановска Давкова ја истакна храброста на здружението во рушењето на стереотипите за традиционално машки и женски професии – преку претставување на успешни жени машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки – со што се охрабруваат младите девојки слободно да го изберат својот професионален пат водени од сопствените афинитети и способности.

 

Фото: https://www.facebook.com/siljanovskadavkova





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.