Премиера на „Алиса се враќа дома“ во Драмскиот театар
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 06 Октомври 2026
Во четврток, на сцената на Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена претставата „Алиса се враќа дома“, која претставува дипломска работа на младата режисерка Моника Ставревска, студентка по театарска режија на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) – Скопје.
Проектот се реализира во рамките на официјалната Годишна програма на Драмскиот театар за 2026 година.
Инспирирана од класичното дело „Алиса во земјата на чудата“ од Луис Карол, претставата е поставена како современа антибајка што ги истражува темите на моќта, институционалната послушност, личната одговорност и духот на бунтот.
По повод претстојната премиера, денеска во театарот ќе се одржи и официјална прес-конференција, на која режисерката, драматургот и членовите на актерската и креативната екипа ќе ги споделат деталите за работата на овој нов сценски проект.
Фото: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















