Општина Ѓорче Петров домаќин на меѓународен состанок за позелени градови во рамките на проектот UrbanGreenLeap

Општина Ѓорче Петров е домаќин и партнер на состанокот во рамките на европскиот проект UrbanGreenLeap, кој се реализира преку програмата Interreg Euro-MED.

 

Како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски, настанот е посветен на размена на искуства и идеи за развој на позелени урбани средина и поквалитетни јавни простори, со акцент на пилот-просторот во Волково кој се планира како мултифункционално и достапно место за сите жители.

 

Во креирањето на овој простор активно учествуваат експерти, локални чинители и самите граѓани, чии искуства ќе помогнат во понатамошното планирање на зеленилото низ целата општина.

 

Проектот обединува значајни меѓународни партнери, меѓу кои се Општина Цеље од Словенија како водечки партнер, Институтот за просторни политики IPoP, Општина Јанина од Грција, „Паркови“ од Хрватска, италијанскиот конзорциум Oltrepò Mantovano и Ambiente Italia, Општина Будва од Црна Гора, шпанскиот центар CREAF, како и Шумарскиот факултет при Универзитетот во Загреб, заедно со бројни асоцирани партнери од регионот.

 

Фото: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.