Патиштата суви и проодни, внимание поради можни одрони
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Октомври 2026
Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.
АМСМ апелира на внимателно управување и прилагодена брзина, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што е можна појава на одрони. Внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Поради градежни активности, времен режим на сообраќај има на повеќе патни правци. На А2 Гостивар–Кичево, кај мостот број 63 над реката Тајмишка, режимот ќе трае до завршување на санацијата.
Времен режим има и на регионалниот пат Р1201 Струга–Дебар, кај браната „Глобочица“, како и на А1 Гевгелија–ГП Богородица, каде сообраќајот се пренасочува на спротивната страна од автопатот.
Поради реконструкција, времен режим е воведен и на граничниот премин Делчево, кој во текот на градежните работи функционира непрекинато.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















