Концерт на Јаков Ангелов и Арда Мустафаоглу во Македонскиот културен центар во Истанбул
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 06 Октомври 2026
Македонскиот културен центар во Истанбул на 8 октомври организира значајна музичка вечер на која пред турската публика ќе настапат истакнатиот македонски виолинист Јаков Ангелов и пијанистот Арда Мустафаоглу.
Концертот ќе се одржи во историската Ерменска католичка црква „Сурп Левон“, со почеток во 19:00 часот, како дел од долгогодишната соработка помеѓу Центарот и Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.
На програмата се предвидени врвни класични дела од светските композитори Шопен, Бетовен, Витали, Крајслер, Виенјавски и Сен-Санс.
Како посебен дел од репертоарот, уметниците ѝ ја претставија македонската музичка традиција преку изведба на народната песна „Кажи, Анѓо“, во специјален аранжман на Сони Петровски и преработка на Мустафаоглу.
Фото: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















