Кинотеката на Македонија со богата октомвриска програма посветена на домаќинските филмски јубилеи и светски кинематографии

Октомврискиот репертоар на Кинотеката на Македонија е целосно во знакот на домашната филмска историја и одбележувањето значајни јубилеи од премиерите на некои од најзначајните остварувања во македонската кинематографија.

 

Публиката ќе има ретка можност на големото платно да се потсети на култните наслови како „Солунските атентатори“, „Македонски дел од пеколот“, „Црно семе“, „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Прашина“, „Панкот не е мртов“, „Тетовирање“, „Мирно лето“ и „Како лош сон“.

 

Покрај славењето на македонското филмско наследство, програмата ноември/октомври носи и посебен омаж посветен на истакнатиот автор Атанас Ацо Петровски, по повод 25 години од неговата смрт, преку проекции на неговите антологиски документарни остварувања „Велигденски обичаи“, „Галичка свадба“ и „Дервиши“.

 

Како дополнување на филмската понуда, Кинотеката организира и Денови на кинескиот филм, како и специјални проекции од швајцарската, француската и германската филмска програма.

 

Фото: https://kultura.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.