СДСМ: Мицкоски остана без лаги за идентитетот и со празна каса, власта креира тензии наместо решенија

Од опозициската СДСМ излегоа со остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека по неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, целосно паднале во вода долгогодишните владини манипулации за наводно загрозен македонски идентитет и јазик.

 

Според партијата, европските претставници потврдиле дека идентитетот и јазикот се заштитени, а на маса се единствено реформите и уставните измени, без нови услови и преговарачки рамки.

 

Од СДСМ обвинуваат дека Мицкоски намерно разгорува тензии со соседите наместо да бара решенија, со цел да ја задржи државата во изолација.

 

Во однос на економските прашања, СДСМ посочи на најновиот извештај на Светска банка, нагласувајќи дека земјата со години стои во категоријата на среден доход со БДП по жител на ниво од една третина од европскиот просек.

 

Партијата тврди дека власта за две години ја задолжила државата за четири милијарди евра, оставајќи ја буџетската каса празна со дефицит од една милијарда евра.

 

Наместо прашања поврзани со кратење на празници и дефокус од реалните проблеми, од СДСМ порачуваат дека фокусот мора да биде на стандардот на граѓаните, предлагајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и мерки за соочување со високите животни трошоци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.