Без вода денеска делови од Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 06 Октомври 2026
Поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа, денеска прекини во водоснабдувањето ќе има на три локации во Скопје.
Од 08:30 часот, без вода се корисниците на улицата „Чедомир Миндеровиќ“ 39а, поради дефект на приклучна цевка. Прекинот ќе трае до завршување на санацијата.
Од 10:30 часот, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од дел од Визбегово, поради дефект на приклучна цевка на улицата „3/13“.
Од 10:40 часот, без вода ќе бидат и корисниците на улицата „Ванчо Мицков“ 13, поради поврзување на нова водоводна линија. Прекинот ќе трае до завршување на работите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















