Општина Илинден додели финансиска поддршка и училишни прибори за над 150 првачиња

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека локалната самоуправа ја продолжува праксата на директна поддршка за семејствата, доделувајќи финансиска помош во износ од 3.000 денари, како и комплетни ранци со училишен прибор за над 150 првачиња од подрачјето на општината.

 

Оваа нова мерка е воведена со цел да се олеснат куќните буџети и да се намалат финансиските трошоци на родителите пред почетокот на новата учебна година.

 

Градоначалникот Георгиевски нагласи дека Општина Илинден останува посветена на креирање политики кои се во служба на граѓаните, со цел обезбедување еднакви, инклузивни и квалитетни образовни услови за секој ученик.

 

Фото: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.