МВР: Кривична пријава за поранешен директор на ШСЕ „Ѓуриште“ – Свети Николе за злоупотреби со дрвни сортименти тешки над 3,4 милиони денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против 62-годишниот Б.И. од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

 

Според полициските информации, пријавениот во периодот од јули до ноември 2023 година, во својство на директор на Шумско-стопанската единица „Ѓуриште“ – Свети Николе, постапил спротивно на законските прописи за обезбедување транспарентен и конкурентен избор на правни лица.

 

Без спроведување на соодветна постапка, тој склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти на пенушка со правно лице од велешкото село Бузалково.

 

Со овие незаконски дејствија му овозможил на фирматa-купувач да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.422.592 денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.