Во тек е есенската акција за дератизација во Општина Карпош: Опфатени околу 5.000 шахти

Општина Карпош ја започна годишната акција за есенска дератизација на својата територија, која е планирано да се реализира до крајот на оваа календарска година.

 

Главна цел на овие активности е успешна контрола и уништување на штетните глодари, како и навремена превенција од појава и ширење на заразни болести.

 

Како што информираат од општинската самоуправа, со акцијата за дератизација предвидено е да бидат опфатени околу 5.000 шахти ширум населените места во Карпош.

 

Претходно, во рамките на овие превентивни мерки, успешно беа спроведени и дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта и детски градинки на подрачјето на општината, со што продолжува грижата за заштита на јавното здравје и создавање побезбедна и поздрава животна средина за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.