ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Петровска открива дека Филипче води селективна борба против корупцијата и применува двојни аршини

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ излегоа со нова реакција во врска со актуелните превирања во опозициската СДСМ, оценувајќи дека случајот со Славјанка Петровска потврдува оти лидерот Венко Филипче се противи на корупцијата исклучиво кога тоа му одговара за партиски пресметки.

 

Според партијата, Филипче го отворил прашањето за наводни милионски разлики во тендерот за хеликоптери дури откако Петровска се приклучила кон Платформата „12.05“ и јавно побарала негово повлекување од лидерската функција.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека иако Филипче постојано се залага за европски вредности и владеење на правото, неговото молчење досега и обелоденувањето на информациите токму во момент кога Петровска станала негов политички критичар покажуваат селективност.

 

Партијата му порача на лидерот на опозицијата итно да одговори од кога знаел за овие сомнежи и зошто молчел, како и целокупната документација да ја достави до надлежните институции и Јавното обвинителство доколку навистина се залага за законски расчистет криминал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.