Ѓорѓиевски на средба со делегацијата на Советот на Европа: Со владина поддршка и децентрализација градиме финансиски силни општини
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Октомври 2026
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари конструктивна средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, во која беа коизвестувачите Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, експертот за Европската повелба за локална самоуправа, Ивета Реинхолде, како и претставници од Секретаријатот на Конгресот.
На средбата се разговараше за напредокот на локалната самоуправа, јакнењето на општините и унапредувањето на услугите за граѓаните, при што делегацијата го препозна ЗЕЛС како силна и обединета организација која успешно ги застапува интересите на локалните власти.
Ѓорѓиевски ја истакна значајната финансиска поддршка што општините ја добиваат од Владата за реализација на инфраструктурни проекти, кои директно се преточуваат во нови улици и подобри услови за живот.
Тој подвлече дека новата соработка со министерствата и Меморандумот помеѓу Владата и ЗЕЛС претставуваат цврста основа за продолжување на процесите на децентрализација, остварување на финансиски посилни општини и изградба на ефикасна локална администрација преку искрен партнерски однос.
Фото: https://www.facebook.com/1OrceGj
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













