Минчев од Струмица: Започна новиот циклус генерички обуки за администрацијата, над 1.000 службеници стекнаа нови вештини

Министерството за јавна администрација го започна новиот циклус на генерички обуки за административните службеници за 2026 година, со цел знаењето и професионалниот развој да прераснат во поквалитетна и побрза услуга за граѓаните.

 

По успешно реализираните обуки во Скопскиот, Полошкиот, Источниот и Пелагонискиот регион, процесот продолжи во Југоисточниот регион, со што бројот на службеници кои поминале низ програмата надмина 1.000.

 

На денешното отворање на обуките во Струмица, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека јавната администрација не е трошок, туку клучна инвестиција во знаењето, довербата и подобрата услуга кон граѓаните.

 

Програмата опфаќа обуки во три клучни области за секојдневната работа – менторство, комуникациски вештини, како и еднаквост и недискриминација, со акцент на практичната примена во институциите.

 

Овие активности се дел од пошироката реформа за професионален развој базирана на Законот за стручно усовршување и обука, додека во 2027 година се очекува и официјален почеток со работа на новата Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници.

 

„Граѓанинот ја чувствува државата тогаш кога службеникот постапува професионално, одговорно и со почит“, истакна министерот Минчев, нагласувајќи дека министерството продолжува да гради одговорна администрација посветена на резултатите.

 

Фото: https://mja.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.