Божиновска на средба со бугарската министерка Петрова во Белград

На маргините на Вториот министерски самит на четирите земји – Македонија, Бугарија, Грција и Србија, што се одржа во салата „Македонска соба“ во Палатата Србија во Белград, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари значајна билатерална средба со бугарската министерка за енергетика Ива Петрова.

 

На средбата присуствуваа и високи претставници од ресорното министерство, МЕПСО, НОМАГАС, како и челници на клучни енергетски субјекти од двете држави.

 

Во центарот на разговорите беа конкретните проекти и продлабочувањето на билатералната соработка во енергетскиот сектор.

 

Македонската делегација пројави особен интерес за бугарските искуства во делот на батериските системи за складирање електрична енергија, регулативата и финансирањето, за што бугарската страна понуди целосна експертска поддршка.

 

Исто така, беше разговарано за пазарната интеграција, прекуграничната размена, справувањето со енергетската сиромаштија и за Иницијативата Исток–Запад, која опфаќа изградба на нова преносна интерконекција меѓу Македонија и Бугарија, како и надградба на врските со Грција.

 

Двете министерки нагласија дека овие стратешки проекти ќе ја зајакнат енергетската стабилност, ќе ги зголемат преносните капацитети и ќе овозможат заеднички настап пред меѓународните финансиски институции.

 

Фото: https://energy.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.