Министерство за спорт: Обезбедени 470 милиони денари за конечно завршување на затворениот базен во Охрид по пауза од 11 години

Владата на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година.

 

Од Министерството за спорт истакнуваат дека овој значаен објект речиси 11 години стоел незавршен низ мандатите на претходните влади, по што новото раководство пристапило кон темелна ревизија за надминување на техничките и административните пречки, вклучително и неопходната измена на основниот проект.

 

За целосно довршување на базенскиот комплекс обезбедени се 470 милиони денари, со што се става крај на повеќедецениската неизвесност.

 

Министерството нагласува дека проектот е од исклучително значење за развојот на пливачките спортови, подготовката на младите категории и унапредувањето на спортската инфраструктура во земјата, изразувајќи благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за цврстата определба за инвестирање во македонскиот спорт.

 

Фото: https://ms.gov.mk/





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.