Андоновски на панелот на Светската банка: Зголемен бројот на дигитални услуги, воведен нов софтвер САМИС за транспарентна државна помош
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 06 Октомври 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, зеде учество на денешната панел-дискусија во рамки на настанот за презентација на новиот Извештај за раст и работни места на Светската банка во Скопје, кој беше отворен од премиерот Христијан Мицкоски.
Во своето обраќање, министерот се осврна на постигнатите резултати во дигитализацијата на административните услуги, поддршката за бизнис-секторот и воведувањето нови алатки за зголемување на транспарентноста.
Андоновски истакна дека на Националниот портал за електронски услуги бројот на достапни услуги е зголемен од 120 на 360, додека на Платформата за интероперабилност бројот на поврзани институции е зголемен од околу 60 на 95.
Во однос на стопанството, дигитализирани се десетина од најбараните услуги за компаниите, како што се потврдите за неосудуваност и разни изводи, но укажа на потребата од поголема искористеност на дигиталните решенија наместо класичните шалтери.
Исто така, тој ја нагласи бесплатната поддршка која македонските компании ја добиваат преку дигиталните иновациски хабови ИНО-ФЕИТ ЕДИХ и ДИГИТ-МАК за изработка на патокази и тестирање решенија.
На крајот, министерот информираше дека во тек е развојот на новиот софтвер САМИС, кој ќе овозможи целосна транспарентност, следливост и ефикасност во распределувањето и известувањето за државната помош.
Фото: https://vlada.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













