Гази Баба доделува 55 стипендии за надарени и талентирани ученици

Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување 55 стипендии на надарени и талентирани ученици за учебната 2026/2027 година.

Ќе бидат доделени 25 стипендии за надарени ученици, 25 за талентирани ученици и уште пет стипендии за талентирани и надарени ученици со посебни образовни потреби.

На повикот можат да се пријават ученици со високи постигнувања во природните науки, математиката и јазиците, како и ученици со успеси во уметностите, ликовното изразување, музиката, дизајнот и спортот.

Јавниот повик е објавен денеска, а пријавувањето трае седум дена. Од Општината ги повикуваат сите ученици кои ги исполнуваат условите да аплицираат за стипендија.

Линк до Јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/javen-povik-za-dodeluvanje.../





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.