Градоначалникот Стефковски и Општина Гази Баба донираа опрема за Клиниката за детски болести: Петта година по ред продолжува хуманитарната традиција
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 01 Октомври 2026
Општина Гази Баба, во соработка со општествено одговорната компанија „Масмен Инвестмент“, реализираше хуманитарна донација за потребите на Клиниката за детски болести во Скопје, со цел подобрување на условите за престој и работа на пациентите и медицинскиот персонал.
За време на посетата на здравствената установа, градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека оваа активност претставува дел од традиционалната петгодишна поддршка што општината ја упатува кон оваа установа.
Во рамките на акцијата на Клиниката ѝ беа донирани инвертер клима-уреди и постелнина наменети за различните оддели каде се лекуваат најмладите пациенти.
Стефковски нагласи дека грижата за заедницата и солидарноста остануваат клучни вредности на локалната самоуправа, изразувајќи благодарност до компанијата „Масмен Инвестмент“ за успешното партнерство во реализацијата на оваа иницијатива која директно придонесува за подобрување на секојдневните услови на клиниката.
Фото: https://www.facebook.com/opstinagazibaba
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













