(Фото) Нови европски стандарди за студентите: Отворен реконструираниот дом „Стив Наумов“ во Гази Баба

Македонските академски граѓани од денеска добиваат сместување кое целосно ги исполнува современите европски стандарди, по официјалното пуштање во употреба на целосно обновениот студентски дом „Стив Наумов“ во скопската општина Гази Баба.

 

May be an image of laundromat

 

Проектот, кој обезбедува врвни услови за живеење и учење на 1.150 студенти, беше реализиран преку успешна соработка со Германската развојна банка и Европската Унија, како и со посветена координација на домашните институции.

 

Градоначалникот Бобан Стефковски истакна дека оваа инвестиција претставува јасен доказ оти младите генерации се врвен приоритет и дека заложбите за нивната иднина се остваруваат преку конкретни и видливи дела.

 

Според него, квалитетното образование мора да биде следено со соодветна инфрастуктура во која студентите можат непречено да се посветат на своите обврски и остварување на своите амбиции.

 

Со најавите за натамошно зголемување на капацитетите, овој проект означува важен чекор во подобрувањето на студентскиот стандард во земјата.

 

Стефковски упати честитки до сите чинители кои придонесоа за успешно завршување на зафатот и им посака успешни студии на младите, нагласувајќи дека нивниот труд и знаење се главниот столб за иднината на целото општество.

 

May be an image of table

 

Фото: https://www.facebook.com/StefkovskiB





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.