Ѓорѓиевски и Канел за нови заеднички проекти меѓу Скопје и Холандија
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 11 Февруари 2026
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Холандија, Н.Е. Озлем Канел, со цел унапредување на соработката и продлабочување на партнерските односи.
На состанокот се разговараше за можностите за реализација на заеднички проекти во повеќе области, меѓу кои образованието, културата, локалниот економски развој и креативните индустрии. Двете страни разменија идеи за конкретни иницијативи што би придонеле за динамичен и одржлив развој на главниот град.
Беше потенцирана потребата од партнерски пристап, примена на иновативни решенија и стратешко планирање на долг рок, како предуслов за креирање квалитетни јавни политики. Притоа, беше изразена заедничка подготвеност за реализација на нови проекти од взаемен интерес, насочени кон подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















