Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа работна средба со делегација на Националниот демократски институт (НДИ), предводена од вишиот резидентен директор Роберт Скот Хајзлет. На состанокот присуствуваа и претставници на Институтот, како и универзитетски професор.
Во текот на разговорите, делегацијата беше запознаена со актуелните проекти на Град Скопје и со приоритетите насочени кон долгорочен урбан развој. Како што беше истакнато, фокусот е ставен на создавање модерен, безбеден и инклузивен град, кој ќе одговара на реалните потреби на граѓаните.
Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка меѓу Градот и НДИ, оценувајќи ја како успешна и продуктивна. Притоа беа разгледани можности за нејзино дополнително продлабочување преку заеднички иницијативи и проекти во повеќе области, со цел унапредување на демократските процеси и подобрување на квалитетот на живот во главниот град.




















