Снег врне на Попова Шапка, во Маврово и на Стража, на Буково врнежите се од дожд и снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места  во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. На планинскиот превој Буково врнежите се од дожд и снег.

Од 07.50 часот поради врнежи од снег се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража.

Од 07.55 часот поради врнежи од снег се  укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово - Дебар.

Од 09.00 часот поради врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка се  укинува забраната за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

Сите патни правци во државата се проодни.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината на условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ постојано се на терен и ги оддржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурнио телефон 02 25 61 502.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.