„Простор без движење“ – деби албум на „Трето Колено“

Битолското акустично дуо Трето Колено овој петок, симболично на 13-ти, официјално го објавува својот прв студиски албум насловен „Простор без движење“. Со ова издание, составот го заокружува својот досегашен авторски пат и пред публиката претставува ново музичко поглавје.

 

Албумот содржи осум композиции, со текстови на македонски и англиски јазик, кои заедно формираат концептуална и звучна целина. Од бендот го опишуваат материјалот како интимно и атмосферично патување – своевидна прошетка низ потсвеста, исполнета со суптилни емоции и спомени на значајни средби, сместени во симболичен простор надвор од времето и движењето.

 

Со „Простор без движење“, „Трето Колено“ нуди внимателно изграден акустичен израз, во кој минимализмот и лиричноста се спојуваат во препознатлива авторска естетика.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.