Почна реконструкцијата на „Лазар Трповски“, најавено и проширување на „Цветан Димов“
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 13 Февруари 2026
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со првиот човек на Општина Чаир, Изет Меџити, го означија стартот на реконструкцијата на улицата „Лазар Трповски“, една од клучните сообраќајници во овој дел од главниот град. Проектот има за цел да ја подобри безбедноста и функционалноста на сообраќајот, како и квалитетот на урбаното живеење во Чаир.
Предвидена е целосна обнова на двете коловозни ленти со нов асфалт, изградба на стандардизирани тротоари и велосипедски патеки од двете страни, уредување на паркинг-простори и поставување современо јавно осветлување. Со новата инфраструктура се очекува значително намалување на ризикот од сообраќајни незгоди, имајќи предвид дека улицата досега важеше за критична точка. Проектот вклучува и подобрена сигнализација и поголема прегледност, во согласност со европските стандарди.
Од Градот најавуваат дека инфраструктурните вложувања ќе продолжат и во наредниот период. До крајот на годината се планира започнување постапка за целосна реконструкција и проширување на булеварот „Цветан Димов“, важна сообраќајна врска што ја користат повеќе од 100.000 граѓани дневно и која ги поврзува неколку скопски општини. Со реализацијата на овој проект се очекува трајно намалување на метежот и подобрување на безбедноста на оваа делница.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















