Почнува асфалтирањето на патот Дивље – Средно Коњари, можни целосни прекини на сообраќајот
- Детали
- Категорија: Петровец
- Создадено: 31 Јули 2026
Општина Петровец од утре, 1 август 2026 година, започнува со асфалтирање на патниот правец Дивље – Средно Коњари.
Поради изведувањето на градежните работи, од општината ги информираат жителите на Дивље, како и сите граѓани кои планираат да го користат овој патен правец дека сообраќајот ќе се одвива отежнато.
Во одреден временски период, поради текот на работите, ќе има и целосен прекин на сообраќајот на патниот правец.
Од Општина Петровец апелираат до граѓаните да имаат разбирање за привремените ограничувања додека траат градежните активности.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс















