Водовод: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 07 Октомври 2026
Сите испитани примероци од водоснабдителниот систем на Скопје се во согласност со прописите за безбедност и квалитет на водата за пиење, информира ЈП „Водовод и канализација“.
Во текот на вчерашниот ден, 6 октомври, Секторот за санитарна контрола зел 41 примерок од водоводната мрежа, од кои три биле од бунарскиот потег Нерези–Лепенец.
Примероците се испитуваат во акредитирани лаборатории со физичко-хемиски и микробиолошки анализи, согласно важечкиот правилник за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Од „Водовод и канализација“ посочуваат дека според добиените резултати, сите испитани примероци од скопскиот водоснабдителен систем одговараат на пропишаните стандарди.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс














