По 11 години застој, Охрид конечно ќе добие затворен базен
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Октомври 2026
По речиси 11 години застој, изградбата на затворениот базен во Охрид ќе продолжи, откако Владата ја усвои точката со која се создаваат услови за негово конечно завршување.
За целосно завршување на објектот се обезбедени 470 милиони денари. Министерството за спорт претходно извршило анализа и ревизија на проектот, при што биле утврдени технички, финансиски и административни пречки, како и потреба од измена на основниот проект.
Министерот за спорт Борко Ристовски порача дека базенот е многу повеќе од инфраструктурен проект и оти станува збор за инвестиција во младите, спортистите и развојот на пливањето.
„Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот“, порача Ристовски.
Тој истакна дека како Влада и Министерство за спорт не сакаат капиталните спортски објекти со години да остануваат незавршени и најави продолжување на работата до нивно ставање во функција.
„Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие“, порача Ристовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс














