Без струја повеќе локации во Скопје и околината
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 07 Октомври 2026
Повеќе локации во Скопје и околните населени места денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции и реконструкции на електродистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 14:30 часот, прекин ќе има на улиците „12-та Македонска бригада“, „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“ во Oпштина Аеродром.
Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе остане дел од потрошувачите во селото Горно Блаце, Петровец. Во истиот период, од 08:30 до 12:30 часот, прекин ќе има и за дел од корисниците на улицата „Студеничанска“ во Студеничани.
Во Карпош, од 09:00 до 13:00 часот, без напојување ќе бидат делови од улиците „Козле“ и „Славко Брезовски“, зад училиштето „Владо Тасевски“.
Во Ајватовци, од 09:00 до 13:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улица 1.
Од 11:00 до 14:26 часот, без електрична енергија ќе бидат и објекти на улицата „Славејко Арсов“, на излезот кон „Тодор Александров“, кај Британската и Француската амбасада и ИЗИИС.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс














