Вечерва во Прилеп почнува јубилејното 15. издание на „Прилеп џез-викенд“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 01 Октомври 2026
Во киносалата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва започнува јубилејното 15. издание на реномираниот фестивал „Прилеп џез-викенд“, кој ќе се одржува во следните три дена, односно до 3 октомври.
Манифестацијата веќе деценија и пол претставува значајна платформа за промоција на современиот македонски џез, оригиналната музичка продукција и авангардните музички изрази.
Првата фестивалска вечер започнува од 21:00 часот со настапот на Глигор Кондовски и Дориан Јовановиќ, по што следува концертот на составот „Sethstat“ со почеток во 22:30 часот.
Во рамките на наредните две вечери, публиката ќе има можност да следи настапи на уште неколку истакнати состави и изведувачи, меѓу кои „Џез за чудаци“, „Пијан Славеј“ и „Peach vice“.
Јубилејното издание е целосно посветено на импровизацијата, ритмичките иновации и слободниот музички израз, продолжувајќи ја традицијата на создавање простор за нови звучни истражувања и уметнички дијалог на домашната сцена.
Фото: Министерство за култура и туризам
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













