Македонскиот КИЦ во Софија со успешнo учество на јубилејната „Европска ноќ на литературата“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 02 Октомври 2026
Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Софија и годинава бележи забележително учество на традиционалната 15-та Меѓународна книжевна манифестација „Европска ноќ на литературата“, која важи за една од најзначајните европски културни платформи посветени на промоцијата на современото книжевно творештво и негово приближување до пошироката читателска публика.
Со ова претставување, земјата застана рамо до рамо со дваесетина европски држави и институти, носејќи го духот, автентичниот израз и богатството на македонската книжевност директно пред публиката во Софија.
Во рамките на настанот, присутните гости на специјално поставеното „читателско гнездо“ беа поздравени од директорот на македонскиот КИЦ и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, кој ја нагласи стратешката важност на ваквите меѓународни манифестации за силна афирмација на македонскиот јазик, литература и култура, како и за продлабочување на севкупните културни врски меѓу европските земји.
Фото: Министерство за култура и туризам
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс















