Сите патишта проодни, времен режим на повеќе делници

Сообраќајот на државните патишта денеска се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ апелира на внимателно возење и прилагодена брзина, особено на делниците каде има можност од одрони – Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Времен режим на сообраќај има на А2 Гостивар–Кичево, кај мостот бр. 63 на реката Тајмишка, поради санација, како и на регионалниот пат Р1201 Струга–Дебар, поради работи на браната „Глобочица“.

На А1 Гевгелија–ГП Богородица, од исклучувањето за Гевгелија до граничниот премин, сообраќајот се пренасочува на спротивната страна на автопатот, каде се одвива двонасочно. Режимот е во сила до 15 април 2027 година.

Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк „Галичица“ е отворен за возила до 3,5 тони.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.