Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка на „Славеј Планина“

Малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера попладне се случила на улицата „Славеј Планина“ во Скопје.

Според информациите од МВР, незгодата се случила на 27 септември во 16 часот, кога се судриле патничко возило „ауди“, управувано од 25-годишниот Б.С. од Скопје, и малолетниот пешак.

Пешакот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки возилото е одземено. Од МВР наведуваат дека против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава по целосното документирање на случајот, согласно член 297-а од Кривичниот законик.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.