Костовски: Голема градежна офанзива во Скопје Север – нови улици, тротоари, паркинзи и пристапни патеки до зградите
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 07 Октомври 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информира за одличната динамика со која се реализира големата градежна офанзива во населеното место Скопје Север, исполнувајќи ги долгогодишните барања на локалните жители.
Проектите опфаќаат целосна реконструкција на клучни сообраќајници, изградба на нови пешачки патеки и паркинг-простори со цел целосно унапредување на урбаната инфраструктура во оваа населба.
Во завршна фаза е изградбата на третиот крак од значајната улица „Боро Менков“, чии претходни два крака се веќе завршени, заедно со реконструираните тротоари и паркинзи.
Паралелно, одлично напредува и реконструкцијата на улицата „Костурска“ со нови паркинг-простори и пристапни патеки, каде за првпат ќе се изгради и тротоар за безбедно движење на пешаците, а наскоро почнува и асфалтирањето.
Во рамките на офанзивата целосно завршија и реконструкциите на сите пристапни патеки во должина од над еден километар кон зградите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“ и „Гоце Стојчевски“, при што градоначалникот нагласи дека посветената работа продолжува во сите населени места.
Фото: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















