Стефковски: Нови инвестиции во ООУ „Његош“ – реновирани тоалети, нов информатички кабинет, климатизирани училници и најава за доградба

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, оствари работна посета на ООУ „Његош“, каде изврши увид во реализираните и тековните капитални проекти насочени кон целосно подобрување на условите за учениците и наставниот кадар.

 

Во рамките на изминатиот период, во ова училиште беа реализирани неколку клучни зафати, меѓу кои целосна реконструкција на училишните тоалети, набавка на нов инвентар за дел од кабинетите, како и целосно опремување на новиот кабинет за информатика со современи компјутери и неопходна опрема за развој на дигиталните вештини на учениците.

 

Паралелно, во училиштето започна поставувањето на нови инвертер клима-уреди, со што успешно се имплементира проектот „Климатизирани училници“ кој беше дел од изборната програма на градоначалникот.

 

Стефковски нагласи дека со овие зафати не се запира развојот на училишната инфраструктура, најавувајќи почеток на подготвителните активности за новата доградба на објектот, која ќе обезбеди дополнителен простор и уште подобри услови за непречено одвивање на образовниот процес.

 

Фото: https://www.facebook.com/StefkovskiB





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.