МВР на терен: Санкционирани 92 возила за јавен превоз, исклучени 34 неисправни автобуси и поднесени три кривични пријави

На 6 октомври 2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, насочени кон автобусите и возилата со кои се врши јавен превоз на патници.

 

Во рамките на акцијата беа контролирани вкупно 405 возила, при што кај 92 од нив беа утврдени разни прекршоци и неправилности.

 

По извршените проверки, на вонреден технички преглед биле упатени 170 возила, а 34 возила се веднаш исклучени од сообраќај поради утврдени технички неисправности.

 

Покрај прекршочните санкции, МВР поднесе и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека едно возило е одземено врз основа на член 300-б.

 

Дополнително, во текот на контролите се констатирани и 239 сообраќајни прекршоци од друг вид, а надлежните служби нагласуваат дека зајакнатите контроли продолжуваат со цел зголемување на сигурноста на патниците во јавниот превоз.

 

Фото: МВР





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.