Ѓорѓиевски: Започна целосна реконструкција на Жена парк – нови мермерни патеки, хортикултурно уредување и вратен Вечниот оган
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 07 Октомври 2026
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во тек е целосна реконструкција и уредување на Жена парк – „Борец“, еден од најпрепознатливите зелени оази во срцето на главниот град.
Градежните активности предвидуваат целосна замена на досегашните патеки и подни плочки со нови мермерни плочки, кои на просторот ќе му дадат поблагороден изглед соодветен на неговата локација и историско значење.
Во рамките на проектот се врши и реставрација на постојната урбана опрема, како и дополнително хортикултурно уредување за збогатување на зелената површина.
Градоначалникот потсети дека во претходниот период веќе беше ставен во функција Вечниот оган кај фонтаната, нагласувајќи дека грижата за градот останува врвен приоритет преку обновување на постојните паркови и креирање нови катчиња за одмор и дружење на сите генерации.
Фото: https://www.facebook.com/1OrceGj
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















