Николоски: Претходната власт на СДСМ прифати сè од Бугарија и планираше продажба на пет приватни компании

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервју за „Радио Лидер“ изјави дека актуелната положба на државата е резултат на политиките на поранешната влада предводена од СДСМ, која, според него, прифатила се што побарала Бугарија и разговарала за продажба на пет приватни македонски компании.

 

Николоски нагласи дека тогашната власт му дала „празен лист“ на соговорникот да впишува барања, вклучувајќи идеи за преземање на национална телевизија, телеком-оператор, банка, рудник и кабелски оператор, користејќи ја сервилноста на тогашните структури.

 

Според Николоски, суштинската разлика меѓу претходната и актуелната власт лежи во заштитата на државните и националните интереси, додавајќи дека граѓаните тоа јасно го кажале на изборите во 2024 година кога ја десеткувале поддршката за СДСМ.

 

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалициските партнери, добила силна народна доверба и дека сегашната владина поставеност цврсто ги брани македонските позиции, отфрлајќи какви било штетни и неформални пазарења од минатото.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.