Стоилковиќ на средба со делегацијата на Советот на Европа
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Октомври 2026
Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ оствари средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, која престојува во мониторинг-посета на земјата во периодот од 6 до 8 октомври 2026 година.
На средбата присуствуваа коизвестувачите за локална демократија, Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гизин од Швајцарија, како и Ивета Рајнхолде од Групата независни експерти за Европската повелба за локална самоуправа.
Во фокусот на разговорите беа состојбата со локалната демократија, функционалноста на единиците на локалната самоуправа и исполнувањето на обврските од Европската повелба за локална самоуправа, која државата ја ратификуваше во 1997 година.
Посебно внимание беше посветено на претходните препораки на Конгресот и напредокот во нивното спроведување, со цел унапредување на институционалните капацитети.
По завршувањето на теренската посета, делегацијата ќе подготви нов извештај и препораки кои ќе бидат разгледани на една од претстојните сесии на Конгресот на Советот на Европа.
Фото: https://vlada.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс



















