СДСМ: Извештајот на Светската банка ја демантира власта, економијата стагнира, а долгот се зголемува со ново задолжување од 250 милиони евра

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конференција оцени дека најновиот извештај на Светската банка – „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“ ги демантира владините тврдења за економски напредок и покажува оти државата со години заостанува зад европскиот просек и земјите од регионот.

 

Според неа, заклучоците од извештајот јасно потврдуваат дека економијата стои во место и дека отсуството на структурни реформи ја оддалечува земјата од европските интеграции.

 

Каранфилова Пановска истакна дека без реформи економскиот раст ќе се задржи на ниво од 2,4 отсто, што значи дека на земјата би ѝ биле потребни 75 години за да го достигне просекот на Европската Унија.

 

Таа додаде дека зад владините најави за економски успех стојат 196.000 работници со ниска продуктивност и примања, празни паричници на граѓаните и секојдневни економски предизвици.

 

Исто така, опозициската претставничка критикуваше дека Владата најавува ново задолжување од 250 милиони евра за покривање на тековни буџетски трошоци, плати и пензии, предупредувајќи дека јавниот долг надминува 63 отсто од БДП, додека дефицитот во државната каса и пензискиот фонд достигнува милионски износи.

 

 

Фото и видео: СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.