Митески и Михајлов потпишаа договор за Еразмус+ проект вреден 400.000 евра: Општина Аеродром лидер во новиот европски образовен циклус

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, потпишаа договор за реализација на нов Еразмус+ проект во вредност од 400.000 евра.

 

Станува збор за најголемиот грант одобрен од Националната агенција во рамките на новата клучна акција KA240, која минатата година беше воведена од Европската комисија.

 

Општина Аеродром се јавува како координатор на овој значаен проект, кој ќе се реализира во соработка со осум партнери од Италија и Хрватска.

 

Проектот е насочен кон суштинско унапредување на квалитетот на образованието преку имплементација на современи методи на учење, јакнење на стручните капацитети и вештини на наставниците и воспитувачите, како и подобра соработка помеѓу градинките, училиштата и семејствата.

 

Исто така, предвидено е воведување нови дигитални алатки во наставата, зголемена поддршка за децата со посебни образовни потреби и интензивна размена на добри практики со европските партнери.

 

Од Националната агенција истакнаа дека овој чекор на Општина Аеродром претставува одличен пример за тоа како европската соработка носува директни придобивки за локалната заедница и го приближува европското знаење до македонските ученици.

 

Фото: https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.