Денеска без струја делови од Гази Баба, Аеродром, Бутел, Стајковци и Центар
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 01 Октомври 2026
Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат повеќе локации во Скопје и околината.
Во Гази Баба, од 07:55 до 10:05 часот без струја ќе бидат улиците „Авраам Писевски“, „Ордан Чопела“, „Челопек“, „БИС 159“, „Петре Ѓоргиев“, како и дел од „Менделеева“.
Во Аеродром, од 08:00 до 14:30 часот прекин ќе има на улица 12 – ТА „Македонска Бригада“, како и на улиците „Аврора“, „Кресна“, „Митре Влаот“, „Димитар Македонски“ и „Детелин Војвода“.
Во Визбегово, од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од улица 1, улицата „Камен Мост“ и дел од објектите во околината на фирма „Саманта“.
Во Стајковци, од 09:00 до 13:00 часот прекин ќе има на улица 8.
Дополнително, во Гази Баба од 10:15 до 12:25 часот без електрична енергија ќе бидат улиците „Челопек“, „Петар Ѓоргиев“, „159 Бис“ и „Ордан Чопела“.
Во Центар, од 12:00 до 14:00 часот прекин ќе има дел од корисниците на улицата „Св. Кирил и Методиј“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













