Рекордни 15.020 учесници на Скопскиот маратон
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 04 Октомври 2026
Рекордни 15.020 учесници денеска се дел од Wizz Air Скопскиот маратон, чиј старт беше означен утрово во Скопје.
Стартот заедно го означија градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт Борко Ристовски.
Ѓорѓиевски порача дека Скопје денеска е во знакот на спортот и дека Градот, како покровител на маратонот, ќе ја даде потребната поддршка за неговото успешно одржување.
Тој упати повик до скопјани со аплауз и бодрење да им дадат поддршка на учесниците, оценувајќи дека секој чекор и секоја лична победа заслужуваат почит.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













