Нов сообраќаен режим и 415 нови паркинг-места: Општина Аеродром започнува со реорганизација на сообраќајот во Мичурин и Стар Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 16 Септември 2026
Општина Аеродром започна со изработка на сеопфатен проект за нов сообраќаен режим во населбите Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа клучните улици „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“.
Иницијативата предвидува целосно поинаква организација на сообраќајот, вклучувајќи воведување еднонасочни улици, нови велосипедски патеки и отворање на дури 415 нови паркинг-места, со што се очекува значително подобро и поефикасно искористување на постојниот уличен простор и поорганизирано движење на возилата.
Во рамките на новите решенија, во Стар Аеродром се предвидуваат приближно 200 паркинг-места, додека во населбата Мичурин се планирани 215 нови места за паркирање.
Преку оваа реорганизација просторот се збогатува со нови содржини и правично се распределува меѓу сите учесници во сообраќајот – возачите, велосипедистите и пешаците.
Како што истакнуваат општинските власти, основната цел е создавање поорганизиран, пофункционален и побезбеден сообраќаен систем кој ќе понуди повеќе решенија за паркирање и поквалитетни услови за секојдневието на граѓаните.
Ова го пренесува градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













