Нов сјај за „Три Бисери“ по неколку децении: Општина Аеродром започна со целосна реконструкција на плочникот, детското игралиште и урбаната опрема
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 17 Септември 2026
Постојниот јавен простор кај „Три Бисери“ во општина Аеродром по неколку децении добива целосно нов, побезбеден и пофункционален изглед.
Градоначалникот Дејан Митески изврши увид во тековните градежни активности на оваа фреквентна локација, нагласувајќи дека целта на проектот е да се создаде уреден простор кој ќе ги задоволи потребите на сите генерации за безбедно движење, одмор и рекреација.
Во рамките на зафатите, старите, искршени и дотраени плочки на големиот плочник и пешачките патеки се заменуваат со нови, со што се зголемува безбедноста на пешаците.
Дополнително, просторов се збогатува со ново, современо детско игралиште наменето за најмладите жители, а по повеќе децении се врши и целосно уредување на бетонските клупи со поставување квалитетни дрвени даски за седење.
За зголемување на функционалноста на локалитетот, предвидено е и поставување нови метални држачи за велосипеди.
Градоначалникот Митески истакна дека овие активности се дел од пошироката стратегија на Општина Аеродром за интензивно инвестирање во нова урбана опрема, реновирање на постојните и поставување нови детски и спортски игралишта низ целата општина, при што упати апел до граѓаните заеднички да се чува новосоздадената инфраструктура со цел нејзино подолго траење.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













