Нови современи детски игралишта се поставуваат во Стар Аеродром и зад ТЦ „Бисер“

Општина Аеродром продолжува со реализација на проектните активности насочени кон уредување на јавните простори и обезбедување безбедни услови за најмладите, при што градоначалникот Дејан Митески изврши увид во изградбата на нови детски катчиња во Стар Аеродром и зад трговскиот центар „Бисер“.

 

За време на увидните активности на локацијата меѓу воените кули во Стар Аеродром, градоначалникот Митески нагласи дека по неколку децении овој реон добива целосно ново детско игралиште опремено со современи реквизити и нова урбана опрема, со што се создава пријатно и функционално катче за игра, дружење и одмор на децата и возрасните.

 

Паралелно со овие зафати, нови детски игралишта деновиве се поставуваат и кај кулите зад ТЦ „Бисер“. Од општинската администрација порачуваат дека се работи со силно темпо низ целата општина, преку поставување нови и реконструкција на постојните игралишта, со цел да се создадат повеќе квалитетни и уредени места за безгрижно детство.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.