Фестивалот „Гола месечина“ од 25 до 27 септември во Аеродром

Во паркот „Авионче“ во Општина Аеродром од 25 до 27 септември ќе се одржи фестивалот „Гола месечина“, со тридневна програма наменета за сите генерации.

Посетителите ќе можат да проследат музички настапи, стендап-комедија, кабаре и детска програма.

Од Општина Аеродром информираат дека го поддржуваат одржувањето на фестивалот, кој ќе понуди културни и забавни содржини на отворено.

Настанот ќе се одржи во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.