Вечерашната програма на „Гола месечина“ во Аеродром се одложува за понеделник поради најавениот дожд
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 25 Септември 2026
Поради неповолните временски услови и најавите за врнежи од дожд, организаторите соопштуваат дека програмата на културно-забавниот фестивал „Гола месечина“ предвидена за вечерва се одложува и ќе се реализира во понеделник.
Како што информира градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, фестивалот продолжува според претходно утврдениот план во текот на викендот, односно во сабота и недела, додека содржините што требаше да се одржат вечерва ќе бидат презакажани за почетокот на следната седмица.
Локалната самоуправа ги поканува граѓаните во следните денови да го посетат паркот „Авионче“ и да уживаат во најавените музички и забавни содржини, упатувајќи благодарност до јавноста за покажаното разбирање.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













