Општина Аеродром добива современ простор за спорт и рекреација на младите

Во рамките на Основното општинско училиште „Блаже Конески“ во општина Аеродром во завршна фаза е изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиште со површина од 360 квадратни метри, наменето за кошарка и одбојка.

 

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека во моментов се изведуваат завршните градежни работи за боење и уредување на спортската површина, која е изведена со современа трислојна лиена гумена подлога со висока издржливост, целосно приспособена за сите временски услови.

 

При изведбата се користени материјали кои се безбедни за здравјето на учениците и за животната средина, со што се создава уреден и сигурен простор за спорт, рекреација и поттикнување на физичката активност и тимскиот дух кај децата.

 

Од општинската управа нагласуваат дека овој проект претставува уште еден чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во училиштата и создавање квалитетни услови за активен и здрав развој на најмладите жители на општината.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.